309
Фудбалерите на Каљари во драматичен меч загубија од Фиорентина (2-3) и први ги завршија своите обврски во Серија А. Поради настапот во финалето на Конфернциската лига тимот од Фиренца побара и доби термин да игра порано од останатите.
Овој натпревар беше простување од фудбалот на славниот Клаудио Раниери. Иако во својата 38-годишна кариера не освои премногу трофеи, италијанскиот стручњак заминува во спортска пензија како легенда.
За тоа најдобро зборуваат сцените од стадионот во Каљари, каде што Раниери доби аплаузи од сите присутни. 72-годишникот едвај ги задржа солзите во моментите кога целиот стадион го извикуваше неговото име.