Еврогол на Хамза, Башкими се радуваше во дербито со Брегалница (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Башкими и Брегалница денеска го играа дербито на колото во Втората лига, а на крајот истото заврши со победа на домаќините од 2:1.

Резултатот Башкими го отвори пред крајот на првото полувреме кога прекрасен гол постигна Мемертиза Хамза, па така Башкими со предност замина на паузата. 

Хусеин Демири по само пет минути игра во вториот дел стрелаше за 2-0. Брегалница во продолжение успеа само да постигне гол за утеха за конечни 2-1.

Со овој триумф Башкими се доближува до штипскиот тим на само 32, Брегалница се уште второпласирана со бод повеќе. Лидер е Македонија Ѓорче Петров со 35. 

ВМФЛ 15. КОЛО.
Арсими – Вардар Неготино 4-1
Башкими – Брегалнца 2-1
Беласица – Македонија Ѓорче Петров.
Каменица Саса – Скопје 
Новаци – Кожуф 0-0
Охрид – Борец 4-1
Победа – Детонит 0-0
Вардарски – Осогово 2-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани