Легендарниот бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра зборуваше за кризата која го тресе гигантот од „Олд Трафорд“.
Една деценија и повеќе Јунајтед не е истиот клуб кој што владееше со Англија, па и Европа на стартот на овој милениум. За ситуацијата Евра презеде дел од вината, а нагласи дека вина има и кај Фергусон.
„Секогаш ми е тешко да зборувам за Јунајтед. Ние игравме за навивачите, грбот, дресот…
Со времето се игубија тие вредости. Се кривам и себеси, но и Сер Алекс Фергусон. Заминавме прерано и на играчите кои останаа им беше тешко, немаа адекватен пример за да го следат. Не сум внатре во тимот, не знам што е проблемот. Тен Хаг го дава максимумот, но тоа не е доволно“, изјави Евра.
Од заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед освојуваше само ФА Куп, Лига куп и еднаш Лигата на Европа, меѓутоа е далеку од местото каде што припаѓа.