Еве како дојде до инцидент, лутите навивачи лудуваа пред соблекувалната на Партизан (ВИДЕО)

by 24 фудбал
8 минути читање

174 вечно дерби во Србија заврши со најубедливата гостинска победа на Црвена Звезда кај Партизан (0-4).

Мечот имаше и „трето полувреме“ бидејќи по крајот група навивачи на Партизан дојде до соблекувалната на својот омилен тим и направи скандал. Тие прво извикуваа до тренерот „Станоје замини, ги издаде Гробари“, а потоа и го скршија стаклото на соблекувалната.

Во тој момент дел од скршеното стакло заврши во лицето токму на тренерот Александар Станојевиќ. Тој беше расечен на носот и челото, па на средбата со медиумите се појави со фластери (ТУКА).

Сега се појави и снимка од лудувањето на навивачите пред соблекувалната на Партизан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани