Фудбалерите на Евертон се трагичари на третото коло во Премиер лигата, бидејќи испуштија победа во последните минути од дуелот со Борнмут и загубија со 2-3 (0-0). Натпреварот на „Гудисон Парк“ понуди пет погодоци во второто полувреме, а домашната публика ги „награди“ фудбалерите со сериозни свирежи.
Со погодоците на Мајк Кин и Доминик Калверт Луин на стартот на вториот дел Евертон дојде до двојна предност. Потоа го бранеше водството до пред финишот, но потфрли на крајот. Првиот гол за Борнмут падна во 87. минута преку Семенио. Потоа во 92. преку Кук и 96. преку Синистера гостинот успеа да го комплетира лудиот пресврт.
На останатите терени Астон Вила и Брентфорд ги запишаа своите втори победи во сезоната.
Астон Вила со 1-2 славеше на гостувањето кај Лестер Сити, а Брентфорд со 3-1 го совлада Саутемптон. Нерешено одиграа Ипсвич и Фулам (1-1), како и Норингем Форест со Вулверхемптон (1-1).