Држи лекции и на 39 години: Бројките не лажат – Модриќ беше еден од најдобрите во вчерашното дерби!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико и Реал ремизираа вчера 1:1 на стадионот „Ванда Метрополитано“ во осмото коло од шпанска Ла Лига.

Натпреварот помина со многу тензија, видовме и прекин кој траеше 15-тина минути поради фрлените предмети кон голманот Тибо Куртоа. Атлетико до бод дојде со голот на Кореа во 95. минута, додека претходно Едер Милитао го отвори резултатот.

Но, за издвојување е и учинокот кој го имаше Лука Модриќ на оваа средба. Хрватскиот ветеран натпреварот го започна од првата минута и со 39 години беше еден од најдобрите на теренот.

Капитенот на Реал Мадрид на теренот беше до 85. минута имаше 72 допири со топката, испрати три клучни додавања (најмногу на натпреварот), одзема четири топки, имаше пет долги топки, а најмногу импресионираше со 100% успешност во 58-те обиди за додавање.

„Модриќ докажува дека е спремен да игра повеќе. Во првото полувреме тешко наоѓаше ритам, но како што одминуваше времето играше подобро. Клучен беше при прекинот од кој Реал постигна гол. Модриќ е класа и тоа е докажано. Имаше совршен натпревар“, пишува „Ас“ за настапот за Хрватот.

Инаку, ниту еден друг играч од најсилните топ пет првенства од почетокот на првенството немал 100% успешност на додавањата ако во натпреварот имал над 40 обиди за додавање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани