Драма во Франција: Мбапе одбива да игра под водство на Дешамп?

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе не сака да игра за репрезентацијата на Франција под водство на селекторот Дидие Дешамп.

Ова го објавија одредени француски извори меѓу кои и новинарот Роман Молина. Напаѓачот на Реал вторпат во низа не беше повикан во репрезентацијата, а Дешамп објасни дека одлуката паднала по взаемен договор.

Сепак, сега се појавија информациите дека односите меѓу двете страни не се воопшто добри. Тие имаат недоразбирања и делува дека не можат да ги надминат, па поради тоа Мбапе два собири по ред не е дел од тимот.

Треба да се види дали има виситна во овие најави. Мбапе за Франција веќе има 86 натпревари и постигна 48 гола од своето деби во 2017 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани