264
Удинезе и Емполи кои водат голема борба за опстанок во Серија А одиграа 1-1 на денешниот меѓусебен дуел, во главна улога беше Лазар Самарџиќ.
Удинезе и Емполи водеа голема борба во текот на целиот натпревар, а вистинската драма се случуваше во самиот финиш.
Самарџиќ направи прекршок за пенал по кој Нианг погоди во 90. минута за водство на Емполи од 1-0.
Во осмата минута од судиското продолжение настана мешаница по која Удинезе доби пенал, Самарџиќ ја презема одговорноста да шутира од белата точка и погоди израмнувајќи на 1-1 со што се извади за направениот пенал претходно.
Во последното коло и двете екипи ќе бркаа победа за опстанок, Емполи е домаќин на Рома, а Удинезе гостува кај Фросиноне.