Драматична сцена на Копа Америка: Судија колабираше на теренот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На натпреварот помеѓу Канада и Перу од Копа Америка видовме драматична сцена во која помошник судијата Хумберто Пањо колабираше на теренот.

Причина за колабирањето на судијата беше високата температура. Натпреварот се играше на температура од 38 степени и 60% влажност. Ваквите услови помошникот не можеше да ги издржи.

Голманот на Канада, Максим Крепо веднаш дотрча и му укажа прва помош, а веднаш потоа и беше пренесен во болница. За среќа прегледите пкажале дека нема посериозни последици и брзо бил пуштен од болницата.

На теренот беше заменет од четвртиот судија, Пањо. Мечот Канада го доби со 1:0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани