Уругвајскиот фудбалер Тијаго Паласиос (23) во Аргентина во неделата вечер предизвикал сообраќајна несреќа.
Неколку часа откако со Естудијантес успеа да го освои аргентинскиот Лига Куп, Паласиос со 1.84 промили алкохол седнал зад волнат и предизвикал несреќа во Буенос Аирес.
Паласиос според информациите се забил во бензиска пумпа и сериозно ги повредил вработените на кои им била пружена лекарска помош. Од целата несреќа тој се извлекол неповреден, додека еден од вработени се здобил со повреди на двете нозе.
Информациите на полицијата се дека вработениот сепак не бил повреден при ударот на возилото, туку во обидот да го напушти работниот простор и да избегне удар. Естудијантес во неделата го победи Велез Сарсфилд по подоброто изведување на пенали.