Уште еден неуспешен трансфер на Барселона е на повидок. Се работи за младиот бразилски напаѓач Витор Роке кој минатата зима пристигна од Атлетико Паранаенсе.
19-годишникот беше платен 40 милиони евра, во него Барса ја гледаше иднината и го најавуваше следниот Роналдо Назарио. Сепак, младиот Роке не беше миленик на Чави, а тоа почна да се одразува на неговите перформанси. Од доаѓањето во Барселона, Бразилецот одигра само 16 натпревари и постигна два погодоци, но на теренот мина вкупно 353 минути.
Ситуацијата не е идеална ниту за Барселона која има финансиски проблеми, а ниту за младиот Роке кој стангира во својот развој. Поради тоа веќе на големо се споменува неговото заминување, додека конкретен интерес постои од Саудиска Арабија.
Ал Хилал е сериозен во намерата да го доведе Витор Роке, а потребно е да се пронајде заеднички јазик со Барселона околу трансферот. Каталонците нема да имаат против доколку пристигне вистинската понуда.