321
Eкипата на Љупче Дориев, Согдиана дојде до четвртиот триумф во домашното првенство откако со 4:0 славеше над Бунјодокор. Македонскиот фудбалер во победата учествуваше со два гола.
Дориев ги постигна првите два гола за Согдиана во 11. и 39. минута. Во продолжението од првиот дел гостите си постигнаа и автогол за 3:0. Сојибов во второто полувреме се погрижи за конечниотт резултат.
На табелата Согдиана во овој момент е петта со 14 бодови, а Дориев игра во одлична форма и со седум гола е втор стрелец во првенството, еден повеќе има Табатаѕе.