Aнглиската Премиер лига ја одби жалбата на Нотингем Форест која овој тим ја приложи за одземањето на четири бодови поради кршење на финансискиот фер-плеј, потврдено денес.
Премиер лигата на 18. март го казни Нотингем бидејќи ги надмина дозволените финансиски загуби во периодот од три години. Раководството на премиерлигашот потоа достави жалба која на крајот е одбиена.
„Независниот одбор на Премиер лигата ја поддржа одлуката да се одземат бодови на Нотингем Форест бидејќи клубот ги прекрши неправилностите за профитабилноста и одржливоста во Премиер лигата“, објави Премиер лигата.
Нотингем Форест во жалбата помеѓу останатите наведе дека казната не е адекватна. Во овој момент тимот се наоѓа на 17. место на табелата со 29 бодови и до крајот на сезоната ќе игра против Челси и Барнли.