Легендарниот Ариго Саки открива дека и на родителите на Џиџо Донарума им велел дека нивниот син треба да остане во Милан, а не да замине во ПСЖ.
Донарума реши да не го продолжи договорот со Милан и да замине во ПСЖ, ги разочара навивачите кои никогаш не му го простија тој трансфер.
Во меѓувреме формата на Донарума стана променлива, имаше некои блескави секвенци како Европското првенство кое го освои Италија, но имаше и големи мечеви полни со киксеви и за ПСЖ и за репрезентацијата.
Ариго Саки верува дека подобар пат во кариерата за Донарума ќе беше доколку тој останеше во Милан.
„Донарума погреши кога ги одбра парите. Им реков и на неговите родители дека тој требаше да остане во Милан, не поради благодарност кон клубот туку бидејќи тоа беше идеално место да продолжи да се развива. ПСЖ нема проект, псж има пари, а тоа не е доволно за да се освојува“, вели Саки.
ПСЖ никако не успева да дојде до трофејот од Лигата на шампионите кој толку го посакува. Оваа сезона е блиску до него, игра полуфинале, па можеби конечно ќе дојдат до тој историски успех.