215
Интересна фудбалска приказна доаѓа од Хрватска, поврзана со младиот фудбалер Матко Бошковиќ.
16-годишното момче од кадетскиот тим на Цибалија се сели во редовите на италијанска Фиорентина. Италијанскиот клуб веќе постигнал договор со Хрватите за преодот на младиот талент во своите редови, а во него се гледа светла иднина.
Хрватските медиуми открија приказна поврзана со младиот Бошковиќ од периодот кога тој бил новороденче. Неговите родители откриле дека тој останал без кислород, а докторите им го откриле најлошото. Тогаш на ова момче му било предвидено дека нема да може ниту да оди.
Сепак, со добра лекарска работа младиот Матко Бошковиќ се развил нормално и сега е пред исполнување на својот сон.