Додека сите гледаа ЛШ, Манчестер јунајтед ја наполни мрежата на Барнсли

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед го истури бесот врз Барнсли во меч од Лига купот на Англија, црвените ѓаволи победија со 7-0.

Рашфорд, Гарначо и Ериксен постигнаа по два гола, еден даде Антони, тој погоди од пенал.

Саутемптон на пенали го доби премиерлигашкиот дуел против Евертон на Гудисон парк. Мечот во регуларниот тек беше 1-1.

Изненадување направи Престон кој на пенали го помина Фулам. И на овој дуел беше 1-1 по 90 минути игра.

Кристал Палас со 2-1 беше подобар од КПР, Брентфорд со 3-1 славеше над Лејтон Ориент, Стоук на пенали го елиминираше Флитвуд, 1-1 беше во регуларниот тек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани