Во претходните денови се појавија интереси шпекулации за трансфер бомба. Имено, Барселона беше заинтересирана за Рафаел Леао. Сепак, Милан не е подготвен да ја продаде својата прва ѕвезда, за тоа најдобро зборува фактот дека не би го пуштиле да замине за помалку од 150 милиони евра.
На оваа тема за шпанските медиуми зборуваше генералниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, кој беше сигурен во своите одговори.
„Рафа Леао нема да си замине од Милан ова лето. Трансфер во Барселона? Нема шанса. Рафаел нема да си оди, тоа е 100% сигурно“, прокоментира директорот на „росонерите“.
Покрај тоа, од новинарот доби прашање кое гласеше: „А, што ако Леао побара да си оди?“. И на тоа одговорот беше дециден од страна на Фурлани.
„Леао нема да побара да си замине од Милан. Мислам дека мојата порака е јасна, нели?“, изјави Фурлани.
Португалецот досега не изразил желба да го напушти Милан, напротив секогаш нагласувал дека е среќен во клубот и се гледа таму и во иднина.