Директорот на Дортмунд одушевен од трансформацијата на Суле: Мислев дека имаме нов играч!

by 24 фудбал
1 минути читање

Никлас Суле ги изненади сите со својот изглед пред неколку месеци. Тој имаше 110 килограми и не изгледаше на професионален фудбалер, туку на аматер.

Сепак, по реакцијата на клубот и лекарскиот тим стоперот си ја сфати работата сериозно. Тој признавајќи си ја грешката почна да работи на својата физичка подготвеност и за два месеци се врати во својата оптимална форма.

Сериозни пофалби за Суле упати генералниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.

Си помислив: Боже, имаме нов играч. Му се одушевувам за тоа што му успеа. Мило ми е што некој си ја признава грешката и носи одговарачка одлука, тоа е многу кул“, изјави Вацке.

Суле своевремено беше репрезентативец на Германија за која има 49 настапи, меѓутоа во последно време не е во плановите. Освен во Дортмунд, тој настапуваше за Хофенхајм и Баерн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани