154
Директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл коментирајќи ја трансфер политиката на германскиот гигант, го пецна Челси.
Ебрл објаснувајќи зошто го продадоа Матијс де Лихт, го прокоментира и Челси.
„Разбирам дека има фудбалери кои се фаворити на фановите, но ние не ги носиме одлуките врз база на тоа кои играчи се фаворити на фановите. Ја донесовме таа одлука со Компани со цел да ја засилиме дефанзивата, сакавме дефанзивец на кој левата му е појака нова и затоа го потпишавме Хироки“, објаснува Еберл.
„Не можете во сезоната да влезете со 35 фудбалери или како Челси со 45 фудбалери. Ние потрошивме пари на Олисе, Палиња и Хироки. Па клубот мораше да генерира пари од продажби“.