Динамо Загреб уште еднаш го победи Карабах и обезбеди место во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Динамо Загреб со уште една победа против Карабах го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите.

Хрватскиот гигант вечерва славеше победа од 2:0 на гостински терен и така со вкупни 5:0 се пласираше во најелитното европско натпреварување.

Резултатот беше отворен по половина час игра кога Марко Пјаца погоди за 0:1. Со предност од еден гол Динамо замина на паузата.

Конечните 0:2 беа поставени со автоголот на Силва во 53. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани