Динамо Загреб го надигра Вардар на Максимир

by riste
1 минути читање

Вардар со 3-0 го загуби пријателскиот натпревар против Динамо Загреб, хрватскиот клуб покажа дека е значително поквалитетен во овој момент.

Вардар денеска имаше можност да ги одмери силите со еден од најдобрите тимови на Балканот. Мечот се играше на „Максимир“ пред повеќе од 2.000 гледачи.

Во текот на целиот меч Динамо Загреб беше многу подобар тим, Вардар беше инфериорен, се чини дека ќе биде потребно време за да се вклопат новите засилувања во играта на тренерот Горазд Михаилов.

Вардар одолеваше до 37. минута кога Куленовиќ постигна гол за водство на Динамо Загреб од 1-0, а во судиското продолжение од првиот дел погоди Пјаца за предност на хрватскиот тим од 2-0.

Во вториот дел имаше доста промени во двата состави, но доминацијата на Динамо Загреб не изостана. Последниот погодок на мечот го постигна Торенте во 85. минута за конечни 3-0.

Следниот меч за Вардар е на 27. јули против Свонси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани