Хајдук добро ќе ја наполни касата: Европски гиганти водат битка за 16-годишен талент

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Хајдук во наредниот период би можела одлично да заработи бидејќи 16-годишниот Бруно Дурдов е мета на големи европски клубови.

Според последните информации Дурдов е еден од најдобрите фудбалери во својата генерација и го следат екипи како Милан, Тотнем и Атлетико Мадрид.

Со 16 години тој игра својата прва сезона во професионалниот фудбал и за Хајдук има учинок од три гола на 11 натпревари. Исто така тој успеа да стане и најмладиот стрелец во историјата на клубот со само 16 години, девет месеци и десет дена.

Минатиот месец Дурдов го потпиша и првиот професионален договор, а покрај споменатите три гиганти со неговото име се поврзуваа уште Лацио и премиерлигашот Брентфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани