Димитриевски ќе почека за деби: Барселона подобра од Валенсија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Барселона дојде до победа на дебито на Ханси Флик во Ла Лига. Каталонците вечерва беа подобри од Валенсија на гостински терен со 1:2.

Валенсија прва дојде до предност со погодкот на Дуро во 44. минута, но кога изгледаше дека на пауза ќе заминат со предност на сцена стапи Левандовски. Ламин Јамал ги продолжи добрите настапи од Европското првенство и се запиша во листата на асистенти.

По само три минути игра во второто полувреме, Барселона доби пенал од кој Левандовски дојде до својот втор гол на натпреварот.

Столе Димитриевски не доби шанса за деби на голот на Валенсија и во овој натпревар остана на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани