Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски во изминатите години прерасна во вистинска икона на шпанскиот Рајо Ваљекано.
Димитриевски веќе петта година го брани голот на овој тим и стана незаменлив соборувајќи низа рекорди. Со вчерашниот натпревар против Гранада Димитриевски стана голманот со најдомногу одиграни натпревари во историјата на Рајо.
Досегашен рекордер беше Нигериецот Вилфред Агбонавбаре кој собра 189 натпревари. Вчерашниот настап за Димитриевски беше 190.
До крајот на сезоната Димитриевски веројатно ќе запише уште некој настап, но не е познато дали и во наредната сезона ќе продолжи да го подобрува рекродот затоа што се поврзува со заминување од шпанскиот клуб.
Засега како најсериозен кандидат за неговиот потпис важи Валенсија.