Иако долго време се верува дека Тиаго Мота е пред потпис со Јувентус, сепак шпанските медиуми најавуваат пресврт во овој случај.
Во трката за потпис со младиот италијански стратег се вмеша и Барселона. Имено, каталонскиот гигант би можел да се раздели со Чави по крајот на сезоната, откако стратегот кажа работи кои не требаше да ги каже на рутинска прес-конференција. Покрај него, Барса размислува и за Роберто Де Зерби кој си оди од Брајтон.
Од друга страна, повеќето италијански медиуми се уверени дека Тиаго Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус. Веројатно младиот италијански стратег кој стана хит водејќи ја Болоња ќе има тешка одлука пред себе, дали да остане на „чизмата“ или да се пресели во Каталонија.