Дилема за Скалони: Да се ризикува со Меси или не?

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Аргентина во ноќта која следи ќе се сретнат со Еквадор во рамките од четвртфиналето на Копа Америка, а селекторот Линел Скалони има дилема дали да ризикува со Меси.

Капитенот на Аргентина го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради полесна повреда, а засега не е познато дали е во целост опоравен.

Меси инсистира дека е спремен, но последниот збор ќе го има Скалони кој наводно размислува да го одмори за потенцијалното полуфинале или да го стави во игра во случај ако има негативен резултат.

Еквадор не е традиционално незгоден ривал, Аргентина против оваа селекција има шест победи и едно реми во меѓусебните дуели. Во слуачј Меси да остане на клупата напаѓачкиот тандем на Аргентинците ќе го сочинуваат Лаутаро и Алварез.

Натпреварот на програмата е од 03:00 часот по средноевропско време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани