174
Француската фудбалска федерација не размислува на промени на селекторското столче и на него ќе го задржи Дидие Дешамп.
Иако по елиминацијата на Франија во полуфиналето на Европското првенство веднаш се доведе во прашање селекторската позиција, сепак нема да има никакви промени. Дешамп има договор до Светското првенство во 2026 година, а од федерацијата потврдија дека истиот ќе биде испочитуван и тој барем дотогаш ќе биде селектор.
Дешамп е француски селектор од 2012 година. Оттогаш репрезентацијата освои трофеј на Светското првенство и загуби едно финале, ја освои Лигата на нациите, а во 2016 година беше поразена во мечот за тронот на Европското првенство од Португалија.