251
Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг ќе го пропушти Европското првенство поради слаба физичка кондиција, односно недоволна опоравеност по последната повреда.
Де Јонг го напушта кампот на Холандија и се враќа во Барселона каде ќе продолжи со рехабилитацијата.
Одлуката е донесена бидејќи во спротивно повредата може да се влоши.
Де Јонг е тажен што нема да биде дел од Европското првенство, но нема друга опција.