Де Роси му одговори на Тоти: Секој тренер е жртвено јагне!

by riste
1 минути читање

Франческо Тоти неодамна го искритикува раководството на Рома и рече дека Даниеле Де Роси ќе биде жртвено јагне на небалансираниот преоден рок, а сега стигна одговор од тренерот на Рома.

Тоти смета дека Рома потроши многу, но тоа го направи без вистинска идеја. Сумата која ја потрошија, а која е над 100 милиони евра само ќе ги зголеми очекувања од Де Роси, а ако нема резултат тој ќе испадне виновникот.

„Не знам што му значеше тоа, не сум зборувал со него после тоа интервју“, рече Де Роси за изјавата на Тоти.

„Сите тренери на некој начин се жртвени јагниња. Јас побарав да дојдам во тежок момент но мислам дека го заработив моето право да останам главен тренер на Рома“.

„Ако резултатите не се добри и добиете отказ, во ред, тоа е улогата на тренерот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани