Де Лихт за Компани бил дефанзивец број 1 во Баерн, но раководството одлучило да го продаде наспроти желбата на тренерот!

by riste
1 минути читање

„Атлетик“ открива дека Винсент Компани не сакал да биде продаден Матијс Де Лихт ова лето, дури за него тој бил дефанзивец број еден во тимот, но раководството на Баерн Минхен размислувало поинаку.

Де Лихт се пресели во Манчестер јунајтед за сума од 38,5 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси.

Извор близок до дефанзивецот открил дека раководството на Баерн сакало да го продаде Де Лихт поради неговата лоша дистрибуција на топката со послабата нога.

Компани имал висока почит за Холанѓанецот, но очигледно неговиот глас не се слушал кога бил во прашање Де Лихт, па бил продаден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани