Реал Мадрид го елиминира Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако ја доби драмата во двомечот со вкупни 4-3.
Откако слегнаа впечатоците, еден од играчите кои беа најлути за поразот поради поништениот гол беше Матијс Де Лихт. Стоперот од Холандија изнесе свое мислење кое привлече огромно внимание, а поврзано со Винициус Жуниор.
„До вчера имав дилема околу тоа кој е најдобар играч на светот, а сега веќе ја немам. Винициус е неверојатен фудбалер, за мене тој е најдобар во моментов. Исклучително е брз, добар со топка, дава голови и доминира во ситуации еден на еден. Нема подобар од него“, откри Де Лихт.
Винициус имаше клучна улога во двомечот против Баерн Минхен. Во првиот меч во Минхен беше двоен стрелец, а на реваншот во Мадрид имаше асистенција, но беше константен проблем за одбраната на баварците.