56
Марсеј вчера доживеа непријатно изненадување откако на свој терен загуби од Оксер со 3-1, тоа беше трет меч по ред без победа на домашен терен за тимот од Велодром.
Нервозата во таборот на Марсеј станува видлива иако тие уште се при врвот на табелата благодарение на одличниот старт на сезоната.
Тренерот Де Зерби открива дека му соопштил на претседателот на клубот дека е подготвен да замине без отштета.
„Ако јас сум проблемот, подготвен сум да заминам. Ќе заминам без отштета, за останатото не ми е грижа… му го кажав тоа на претседателот“, изјави Де Зерби по вчерашниот натпревар.
„Не сакам да давам изговори или да зборувам глупости. Не бегам, треба да се соочиме со реалноста“.