257
Кевин Де Брујне решил да го напушти Манчестер Сити и да замине на печалба во Саудиска Арабија, велат информациите од Англија.
По девет години може да се случи разделба меѓу Манчестер Сити и Кевин Де Брујне. Белгиецот сака да почне нешто ново.
И покрај тоа што е еден од најплатените фудбалери во Премиерлигата, Де Брујне решил да замине во Саудиска Арабија и постигнал усмен договор со Ал Итихад.
Саудискиот клуб сега треба да се договори со Манчестер Сити за трансферот да се реализира.