Дејан Ѓуриќ останува во Вардар, потпиша нов договор

by 24 фудбал
1 минути читање

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави дека во следната сезона ќе го задржи Дејан Ѓуриќ.

Одличниот српски дефанзивец минатата сезона одигра перфектна пролет и беше еден од најдобрите поединци во таборот на вардарци. Клубот успеа да се договори со Ѓуриќ и ја продолжи соработката за следната натпреварувачка сезона.

Минатата кампања Дејан Ѓуриќ одигра 15 натпревари во ПМФЛ и успеа да постигне три погодоци.

Вардар веќе го гради тимот за новата сезона, успеа да го врати Филип Најдовски, а најавени се и уште засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани