Дешам се налути: Ако сме ви здодевни, не нè гледајте!

by riste
1 минути читање

Францускиот селектор Дидие Дешам одржа прес-конференција пред полуфиналето против Шпанија на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Франција не постигна ниту еден гол од игра и поради тоа добива критики од навивачите, а еден од новинарите му постави прашање на Дешам зошто екипата не игра атрактивен фудбал.

„Дали сте Швеѓанец? Живеете во Франција… Би рекол дека сте француски новинар претворен во Швеѓанец. Ако ви е здодевно, сменете го каналот. Не мора да ги гледате нашите натпревари. имаме способност да ги израдуваме Французите, а жал ми е ако вам во Шведска ви е здодевен нашиот фудбал“, кажа Дешам.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани