Дешам: Мбапе минува низ тежок период, има и физички и психолошки проблеми

by riste
1 минути читање

Селекторот на Франција, Дидие Дешам вели дека Килијан Мбапе поминува тежок период во кариерата.

Франција одигра 0-0 вчера против Израел, не ја оправда улогата на фаворит, но бодот беше доволен за да избори четвртфинале во Лигата на нации.

Килијан Мбапе и овојпат не е дел од француската репрезентација.

Францускиот напаѓач засега не се снаоѓа најдобро во Реал Мадрид, неговата форма е далеку од најдобрата, можеби е и до позицијата која ја игра во кралскиот клуб, но како и да е, ова не е добар период за него.

„Факт е дека е во тешка ситуација, поминува во период кој не е најсреќен во неговата кариера. Сакаше да биде со нас, но мислам дека е подобро за него што не е тука во овој момент. Секој може да се соочи со тешки моменти, постојат физички и психолошки елементи“, изјави Дешам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани