Детали од трансферот на Мбапе: Бонус од 100 милиони евра, позната и платата

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе денеска беше претставен во Реал Мадрид пред преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Французинот во Мадрид пристигна како слободен играч откако не ја искористи опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ.

Реал за ангажманот на Мбапе не мораше ништо да плати, но како бонус на сметката на Мбапе уплати 100 милони евра.

Годишната плата во клубот ќе му изнесува 15 милиони евра по сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Тоа е многу помалку од ПСЖ каде што за две години заработи дури 200 милиони евра без спонзорските договори.

Мбапе пред навивачите порача дека за него е остварување на сонот и ќе даде се од себе за да блесне во кралскиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани