Кристијан Трапановски нема да може да и помогне на Македонија во натпреварите против Ерменија и Летонија, ова го потврди денеска и селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата пред натпреварот.
За повредата на македонскиот напаѓач зборуваше и тренерот на Данди Јунајтед, Џим Гудвин кој откри повеќе детали.
Трапановски како што вели Гудвин се здобил со истегнување на тетивата и би требало да се врати на терените за најмногу четири недели.
„Нема да го имаме на располагање Трапановски за викендот, тој ќе биде надвор од терените уште три или четири недели. Минатата недела ја повреди тетивата на еден од тренинзите. Мислевме дека брзо ќе биде се во ред, но скенирањата покажаа благо истенување на тетивата поради што ќе мора да паузира три или четири недели“, изјави Гудвин.