Сержињо Дест ја игра својата втора сезона во редовите на ПСВ Ајндховен. Ова лето тој бесплатно се пресели во холандскиот клуб од редовите на Барселона.
Американскиот бек реши да позборува за минатото лето, како и неговиот однос со тогашниот тренер Чави Хернандез. Според Дест, шпанскиот стратег му кажал дека смета на него, а потоа кога се вратил од одмор му било кажано дека е прекуброен.
„Чави не беше искрен со мене. Летото пред да заминам на годишен одмор тој ми кажа: „Сметам на тебе, не ги слушај медиумите“. Кога се вратив, само ми кажа дека морам да си одам“, изјави Дест.
Во моментов Дест заздравува од повредата на скинатите лигаменти и се очекува да се врати во 2025 година. Тој беше во добар ритам во ПСВ пред да се повреди и пак да има проблеми во кариерата.