Денеска на ЕП: Хрватска мора да ја победи Италија за да не си оди дома, Албанија на мегдан со Шпанија!

by riste
1 минути читање

И денеска на програмата на Европското првенство се два натпревари, двата почнуваат од 21 часот. Хрватска игра против Италија, а Албанија ќе се сретне со Шпанија.

21:00 Хрватска – Италија

Откако не успеаа да ја совладаат Албанија, Хрватите ризикуваат да испаднат од Европското првенство уште во групната фаза. За тоа да не се случи мора да ја совладаат Италија.

Италијанците исто така не се прославија во првите две кола, но успеаа да ја победат Албанија и имаат три бода.

Реми и одговара на Италија која на тој начин би го задржала второто место во групата, Хрватска со оглед на негативната гол разлика не би можела со два бода да биде меѓу најдобрите третопласирани, па нерешениот резултат за нив не е опција.

21:00 Албанија – Шпанија

Шпанија имаше импресивни настапи во првите две кола, тие веќе го освоија првото место, па во денешниот дуел со Албанија може да направат измени во стартниот тим.

Албанците покажаа заби против Италија, ја изненадија Хрватска, па сигурно нема со бело знаме да излезат против Шпанија.

На располагање нема да го имаат Даку кој поради непромислениот националистички испад заработи суспензија од два натпревари.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани