Денеска на ЕП: Започнува третото коло од групната фаза

by Стефан
2 минути читање

На Европското првенство денеска за првпат имаме два натпревари во ист термин, а тоа е така бидејќи почнува разврската во групите и одлучувачкото коло.

Во групата „А“ Германија веќе со ја заврши работата, но сигурно дека нема да сака со пораз од Швајцарија да ја изгуби првата позиција. На Швајцарија од друга страна и е потребен само бод за да биде сигурна.

Шкотска која игра против Унгарија има еден бод, а со победа веројатно би влегла во потесна конкуренција како една од најдобрите четири третопласирани селекции да оди во осминафиналето. За второто место потребна и поубедлива победа затоа што имаат гол разлика „мину четири“, а Швајцарија „плус два“.

За да нема калкулации двата натпревари се играат во терминот од 21:00 часот.

21:00: Шкотска – Унгарија

Тешко е да се каже кој е фаворит во дуелот на овие две селекции кои не покажаа многу во првите две кола. Шкотска можеби освои бод против Швајцарија, но во тој натпревар на Швајцарците им беа поништени два гола поради недозволена позиција. За Унгаците единствената надеж за место во следната фаза е да бидат помеѓу најдобрите четири третопласирани екипи, но и до таа позција тешко ќе дојдат бидејќи се без бодови и негативна гол-разлика.

21:00: Швајцарија – Германија

Германија е осминафиналист, но познавајќи ги Германците тие никогаш не калкулираат и сигурно ќе сакаат да го продолжат максималниот ефект. Швајцарија е скоро сигурна во нокаут фазата, а ќе се обидат да ја изненадат Германија за првата позиција. Сепак, мора да се каже дека домаќинот Германија засега веројатно е репрезентацијата која најмногу покажа на шампионатот и тоа воопшто нема да им биде лесно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани