Во 21 часот во на олимпискиот стадион во Берлин ќе започне големото финале на Европското првенство, континентот ќе добие нов владетел, Англија или Шпанија.
Пред почетокот на Европското првенство, Англија важеше за најголем фаворит за освојување на трофејот. Но, тимот на Герет Саутгејт не беше импресивен во групната фаза, се мачеше, со неубедлива игра пројде понатаму.
Како одминуваше првенството Англија играше подобро, најдобриот меч го имаше против Холандија во полуфиналето, што дава надеж на англиската нација дека фудбалерите најдоброто го оставија за крај.
Шпанија е најимпресивната селекција на ова Европско првенство, црвената фурија игра најдопадлив фудбал, ги освои симпатиите на неутралната јавност и собра нови фанови кои вечерва ќе навиваат за нив.
Шпанија до големото финале стигна со сите победи, не играше пенали, имаше продолженија само во дуелот против Германија, што говори за нивната моќна игра на турнирот.
Крилните играчи Ламин Јамал и Нико Вилијамс ја прават разликата во нападот, но средината ја држи искусниот Родри кој можеби не е толку приметлив на теренот, но врши исклучително важна работа.
Англиските ѕвезди се разбудија во вистинско време, Англија на второ европско првенство по ред е во финалето, минатото го загубија на свој терен од Италија, сега имаат шанса за поправен.
Герет Саутгејт нема проблеми со изостаноци, сите фудбалери ги има на располагање, од друга страна пак Де ла Фуенте нема да може да смета на повредените Педри и Ајозе Перез.
Англија го брка првиот, историски трофеј на Европските првенства, Шпанија би го кренала по четврти пат. Сите очи ќе бидат вперени кон Берлин, финалето ќе биде најгледаниот спортски настан за оваа година.