Демирал одигра натпревар за паметење и ја одведе Турција во четвртфинале (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Репрезентацијата на Турција ја изненади Австрија која пред вечерашниот натпревар имаше блага фаворитска улога. Турците благодарение на фантастичната вечер на стоперот Мерих Демирал обезбедија четвртфинале.

Од првиот напад Турција доби корнер, а по точно 58 секунди Демирал најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја погоди мрежата за водство на Турција.

Aвстрија иако напаѓаше не успеваше да создаде посериозни прилики за гол, па на пауза Турција замина со еден гол предност.

Второто полувреме донесе поголема офанзива на Австријците кои се обидуваа да дојдат до изедначување. Сепак, место тоа примија втор гол и повторно стрелец беше Демирал по уште еден корнер во 59. минута.

Шест минути подоцна Грегорич го постигна голот на надеж за Австрија, меѓутоа повеќе од Австријците не успеаа да направат.

Во четвртфиналето Турција игра против Холандија и тој натпревар закажан за во сабота од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани