254
Дефанзивецот Мерих Демирал имаше вечер за паметење и во натпреварот против Австрија со два гола ја одведе Турција во четвртфиналето на Европското првенство.
Првиот гол Демирал го постигна по само 57 секунди игра, а со тоа испиша и историја.
Имено, потврдено е дека овој гол на Демирал е најбрзиот во историјата на нокаут фазата на Европското првенство.
Ќе потсетиме, рекордот кога во прашање е и групната фаза го постави албанскиот репрезентативец, Недим Бајрами кој против Италија погоди по 22 секунди игра.