Франција не одигра убедлив турнир во Германија, меѓутоа е во полуфиналето на Европското првенство и ќе се судри со залетаната Шпанија. Слично како и Англичаните, критиките кон Французите се огромни поради бледата игра.
На оваа тема говореше Осман Дембеле, кој не беше баш расположен за конверзација. Тој луто и кратко реагира на новинарското прашање за играта.
„Ако не ви се допаѓа како играме, тоа е ваш проблем, можете да не нè гледате. Ако реално ги погледнете работите, ќе согледате дека не е се така негативно. Создававме многу шанси, а реализацијата недостигаше. И покрај тоа, зарем не стигнавме до полуфинале?“, изјави Дембеле.
Во вторник селекцијата на Франција ќе се судри со Шпанците во Минхен, во битка на најдобрата одбрана и најдобриот напад на првенството.