Дембеле како ретко кој: Левак е, но пеналите ги изведува со десна нога

by Стефан
1 минути читање

Осман Дембеле беше еден од хероите во победата на Франција над Португалија во четврфиналето на Европското првенство и беше прогласен за играч на мечот во таа средба.

Дембеле во игра влезе во продолжението, а потоа погоди од 11 метри и тоа со послабата десна нога, а тоа предизвика расправа на Твитер.

Имено, Дембеле е левак, но пеналите ги изведува со десна нога. За оваа ситуација, Дембеле беше запрашан и во едно неговите интервјуа во минатото.

„Јас сум левак, но пеналите ги шутирам со десна нога, бидејќи подобро ги изведувам на тој начин“, кратко објасни Французинот во една прилика.

Во својата кариера Дембеле покрај Рен играше уште за Борусија Дортмунд и ПСЖ каде што е од летото 2023 година. Дресот на репрезентацијата на Франција го носеше на 48 натпревари и во нив постигна пет гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани