99
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите за натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига.
Сите натпревари се во саботните термини поради паузата за репрезентативниот прозорец на ФИФА кој следува следната седмица. ФФМ го одреди Пилешков за дуелот на Шкендија и Пелистер, на Вардар и Воска ќе им суди Трпчевски, Качевски оди во Струга…
- Делегирањето за четвртото коло во ПМФЛ:
Шкендија – Пелистер (Димитар Пилешков)
Вардар – Воска Спорт (Стојанче Трпчевски)
Тиквеш – Гостивар (Марјан Младеновски)
Силекс – Шкупи (Јован Качевски)
Беса – Работнички (Александар Грујоски)
Струга – Брера (Крумислав Ѓорѓиев)
Четвртото коло целосно ќе биде одиграно во сабота во терминот од 16:00 часот.