Деко не го сака Кимих во Барса – правел проблеми во соблекувалната!

by riste
1 минути читање

Спортскиот директор на Барселона, Деко направил извештај за фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих во кој дошол до заклучок дека овој фудбалер не би бил добар за атмосферата во тимот.

Според истражувањата кои ги направил Деко, заклучил дека Кимих е проблематична личност која во последно време создавал проблеми во соблекувалната на Баерн Минхен.

Покрај несоодветниот карактер, Кимих бара превисока плата за моменталните можности на Барселона.

Препораката на Деко е да не се ангажира Џошуа Кимих, но ќе се почека и мислење на Ханси Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани