Деко допатува во Германија, дојде „денот Д“ за операцијата Олмо во Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Барселона тргна „all-in“ за трансферот на Даниел Олмо од редовите на РБ Лајпциг.

Спортскиот директор на Барселона, легендарниот Деко допатува во Германија и ќе се обиде да ја затвори зделката за шпанскиот фудбалер. Самиот Олмо заедно со својот агент в понеделник се вратија во Лајпциг, па се очекува и тие да бидат дел од преговорите во обид што побргу да се комплетира трансферот.

Според информациите, Барселона би платила околу 60 милиони евра за Дани Олмо.

Фабрицио Романо верува дека денес е клучен ден за операцијата Олмо во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани