Деби гол за Лукаку и луд пресврт на Наполи, Милан повторно ги разочара навивачите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Наполи со пресврт славеше во рамките од третото коло во Серија А. Избраниците на Антонио Конте до победата стигнаа со два гола во судиското продолжение.

Гостите први стигнаа до водство со голот на Бони по 19 минути игра.

Кога изгледаше дека Парма треба да го приведе натпреварот кон крајот голманот Сузуки заработи втор жолт картон и предвреме ја заврши средбата.

За изедначување во 92. минута погоди Лукаку, Ангуиса длабоко во судиското продолжение стрелаше за три бода на клубот од Неапол.

Лацио и Милан во вториот натпревар кој се играше во истиот термин ремизираа 2:2. Милан стигна до водство по осум минути игра со деби голот на Павловиќ, Лацио со два гола во вториот дел дојде до пресврт, а за бод на Милан погоди Леао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани